Франција: Терористичката закана е присутна
Истрагата за последниот инцидент што се случи во понеделникот попладнето на Елисејските полиња, во кој напаѓачот почина, покажа дека тој поседувал оружје и експлозиви. Француската полиција упаси четири лица, членови на семејството на исламскиот екстремист, а пронајдено е поголемо количество на оружје.

Лицето кое со автомобил Рено Меган удри во комбе на жандармеријата на Елисејските полиња во Париз, починало речиси веднаш по судирот, при што се запалил неговиот автомобил. Министерот за внатрешни работи Жерар Коломб, кој го посети местото, зборуваше за „обид за атентат“.
„Уште еднаш безбедносните сили во Франција беа цел на обидот за напад на Шанзелизе. Автомобилот содржеше извесен број на оружје, експлозиви, кои би можеле евентуално да го експлодираат автомобилот“, изјави министерот за внатрешни работи Коломб.
Во возилото, се пронајдени експлозив и оружје, вклучувајќи и Калашников, како и две боци за гас.
Француската полиција упаси четири лица, членови на семејството на исламскиот екстремист. Според извори биски до истрагата станува збор, за поранешната сопруга на Адам Џазири, неговиот брат и снаа како и таткото на напаѓачот.
Како што објаснува еден член на нивното семејство кој ги посети вчера, целото семејство на напаѓачот практикувало строг Ислам.
„Тој редовно се молеше, порано како сите млади мислеше на неговата девојка, на животот, после стана практикант. Тогаш ги избегна лошите патишта, но сега...“, изјави Џавад, роднина на напаѓачот.
Адам Џазири (31) никогаш не е осудуван, но од 2015-та година тој, како член на радикално исламистичко движење, се наоѓа на полициската листа на лица кои би можеле да претставуваат закана по националната безбедност. Изненадува фактот како тој добил легална дозвола за поседување на огнено роужје, за спортско стрелање.
Во неговиот дом биле запленето девет видови на огнено оружје. Истрагата му е доверена на Антитерористичкиот оддел на обвинителството од Париз.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ
