МНР: Димитров и Коѕиас не разговарале за конкретни предлози за името

20.06.2017 14:35

Реакцијата доаѓа по информациите во некои грчки медиуми дека Димитров побарал од Коѕиас, Македонија да влезе во НАТО под името ПЈРМ.

Македонскиот министер за надворешни работи Димитров и шефот на грчката дипломатија Коѕиас, на средбата во Атина не разговарале за конкретни предлози, ниту за преговорите за прашањето за името, велат од МНР. Нагласуваат дека тоа е процес што налага сериозност, внимателност и вклучување на сите големи политички чинители во земјата.

Реакцијата доаѓа по информациите во некои грчки медиуми дека Димитров побарал од Коѕиас, Македонија да влезе во НАТО под името ПЈРМ.

МНР работи на враќање и унапредување на меѓународните позиции на Република Македонија. Фокусирани сме и ќе продолжиме во обидот да ја убедиме Грција дека Република Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца.

Тоа би било и согласно правната ситуација, дефинирана со времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, се истакнува во реакцијата на македонското МНР.