Продолжувањето на породилното отсуство повторно пред пратениците
Породилното повторно пред пратениците. Предлагачите од ВМРО-ДПМНЕ велат дека развојот на децата е најважен и треба да ѝ се даде можност на мајката подолго време да се грижи за новороденчето. Од мнозинство сметаат дека мерката е популистичка. Од ресорното министерство со став- со ваквото законско решение значително ќе се оптовари буџетот, а со предолгото отсуство на мајката од пазарот на труд, се губат ресурси...

Најважен е развојот на децата и треба да ѝ се даде можност на мајката подолго време да се грижи за новороденчето- ова беше образложението на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за продолжувањето на породилното отсуство. Велат дека овој предлог- закон го поднесуваат како поддршка на иницијативата од 210 граѓани, која била отфрлена како неуредна.
Според мнозинството, ова е популистичка мерка. Реагираа поради чести избегнувања на темата за дискусија.
Продолжувањето на породилното отсуство од 9 на 18 месеци неприфатливо за надлежните. Според министерката за труд и социјална политика, Царовска ваквото законско решение би значело товар за буџетот, а тоа не би било поволно и за пазарот на трудот.
Актуелниот Закон за работни односи предвидува работничката за време на бременост, раѓање и родителство да има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш 15 месеци.
Дијана Ценевска
