Спречен терористички напад во Брисел

21.06.2017 10:47

Нов терористички напад, овојпат во центарот на Европската унија, Брисел. Синоќа 30-годишен маж се саморазнесе во близина на плоштадот Гранплац. За среќа овојпат нема жртви и повредени...

Централната железничка станица во Брисел е повторно отворена за сообраќај и патници, откако еден човек предизвика експлозија со низок интензитет, пред да биде застрелан и убиен од белгиските војниците. Терористичкиот чин се случил меѓу главната сала и платформите три и четири на станицата. Пред нападот, осомничениот извикал „Алах Акбар“. Според проценките, бил на возраст меѓу 30 и 35 години.

„Беше низок, носеше бела блуза, имаше и количка со него. Носеше и појас кога стигна на платформата. Кога се случи експлозијата, издадовме наредба за евакуација“, изјави Николас Ван Херевеген, вработен на станицата.

Заканата од Трето ниво останува непроменета. Воведена е во 2015-та година и означува дека постои можност од терористички напад. 

Лани Исламска држава изврши напади во подземната железница и аеродромот во Брисел при што загинаа 32 лица.

Слични инциденти се случија и во Велика Британија и во Франција.

Маја Филдишев