Средба Трамп- Порошенко
По средбата во Вашингтон, Порошенко ја нагласил силната поддршка што ја добил за суверенитетот и територијалната целина на неговата земја. Била разгледана и воената и техничката соработка.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Петро Порошенко разговарале за можностите за мирно решавање на кризата во источна Украина, плановите за реформи и за борбата со корупцијата.
По средбата во Вашингтон, Порошенко ја нагласил силната поддршка што ја добил за суверенитетот и територијалната целина на неговата земја. Била разгледана и воената и техничката соработка.
Но, и покрај напредокот во дискусиите, народот на Украина е револтиран поради дипломатскиот јазик на Трамп кој пред името на украина неколкупати го употребил одредениот член во англискиот јазик, што не е карактеристично за повеќето земји.
Според нив, оваа измена на називот задира во прашањето за суверенитетот, односно ја посочува врската со соседна Русија и повеќегодишната доминација на Москва.
