Макрон ќе го објави составот на новата влада
21.06.2017 11:38
Министерот за правда Франсоа Бејру даде оставка, со што стана третиот француски министер кој си замина од функцијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го објави составот на новата влада. Министерот за правда Франсоа Бејру даде оставка, со што стана третиот француски министер кој си замина од функцијата.
Неговата партија Модем, која е сојузник на партијата на Макрон, Републиката во движење, е под истрага поради обвинение дека со фондовите од Европската унија плаќала партиски работници.
