Златни Тобијаси
Тобијас Вендл и Тобијас Артл ја продолжија супериорноста на Германија во санкање, на Олимписките Зимски Игри во Сочи.

Полицаецот Артл и војникот Вендл го освоија третото злато во третиот натпревар во оваа дисциплина. Германскиот двоец не дозволи олиписки хет-трик на австриските браќа Андреас и Волфганг Лингер кои беа највисоко на олимписките подиуми во Ванкувер (2010) и во Торино (2006), а во Сочи мораа да се задоволат со сребрениот медал.
Бронзата оди во Летонија по заслуга на браќата Андрис и Јурис Сикс, кои на својата земја и го донесоа третиот медал во санкање на олимпијадите.
Во возбудлива завршница германскиот тандем Вендл-Артл ја искористи предноста од првата трка, го издржа психолошкиот притисок од најголемите конкуренти браќата Лингер и по 12 години и златото на Реш и Лајтнер во Солт Лејк Сити , на Германија и носи најсјајно одличје на зимските олимпијади во санкање, дубл.
