Османи: Да учиме од бугарските искуства за користење на европските фондови

21.06.2017 13:13

Вицепремиерот за евроинтеграции Османи во Софија изјави дека е добро да се учи од бугарските искуства...

Над 100 заеднички проекти имаме со Бугарија, поддржани од двете програми за фондови на Европската унија. Вицепремиерот за евроинтеграции Османи во Софија изјави дека е добро да се учи од бугарските искуства.

„Република Македонија има еден стабилен систем за апсорбција на ЕУ фондови. Со Република Бугарија имаме реализирани над 100 проекти за прекугранична соработка, а 44 веќе се во тек за втората програма, меѓутоа баравме поконкретно договарање и поблиски контакти со цел да учиме од грешките, но и да учиме од позитивните искуства. Веќе имаме политичка согласност оперативните тимови да подготват агенда за меѓусебна соработка и размена на искуства, како и посета на вицепремиерот на Македонија, за да ја воспоставиме таа релација“, изјави вицепремиерот Османи.