Димитров: Запрена е постапката за Николоски
Дипломатијата треба да ги спроведува насоките на извршната власт, смета министерот за надворешни Димитров за назначувањето на Александар Николоски за дипломат во Брисел.

Мораме да престанеме со практиката да се испраќаат амбасадори, особено во важни центри во светот, во пресрет на парламентарни избори. Дипломатијата треба да ги спроведува насоките на извршната власт, смета министерот за надворешни Димитров за назначувањето на Александар Николоски за дипломат во Брисел.
„Мислам дека во Македонија ќе мора да престанеме да се испраќаме амбасадор политичар или да се почнува со постапка за испраќање човек за амбасадор кој што е политичар пред одржување на изборите, бидејќи логиката на испраќање на некој кој ви е политички близок, особено во голем центар, е да работи со вас додека сте власт. Ние имаме неколкупати направано вакви грешки и мислам дека треба да се договориме како општество и политички систем ова да не го правиме“, изјави министерот Димитров во Софија.
Димитров нагласи дека за случајот со Николоски нема основа за понатамошна дебата. Вели дека кога би бил на негово место, би повлекол и не би го држел ова прашање отворено
