Груевски во Брисел на средби со Туск и Могерини
Груевски со партиска делегација, од денеска е во тридневна работна посета на Брисел, каде што се предвидени средби со челниците на Европската унија, како и учество на Самитот на најголемата политичка партија во Европа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со партиска делегација, од денеска е во тридневна работна посета на Брисел, каде што се предвидени средби со челниците на Европската унија, како и учество на Самитот на најголемата политичка партија во Европа.
Груевски попладнево во Европскиот парламент треба да оствари билатерална средба со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, а вечер ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Груевски ќе оствари средба и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.
