ВМРО-ДПМНЕ: Нов предлог- закон за лекарска дејност
Законот би се однесувал на општите лекари и лекарите специјалисти од сите три нивоа на здравството.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ поднесоа закон за лекарска дејност кој што треба да го вреднува докторскиот труд, особено висината на платата преку колективен договор. Законот би се однесувал на општите лекари и лекарите специјалисти од сите три нивоа на здравството.
„Со овој закон се предвидува платата на докторите специјалисти да изнесува четири и пол просечни плати или 100.000 денари нето плата, додека пак платите на општите доктори да изнесува две и пол просечни плати односно 56.000 денари нето плата. Покрај утврдување на висината на платите на специјалистите и општите доктори, Со овој закон нудиме и системско решение со кое ќе се подобри квалитетот на здравствениот кадар, квалитетот на здравствените услуги за граѓаните и ќе се спречи одливот на здравствените мозоци во странство“, изјави Зоран Ѓорѓиевски.
Од партијата велат дека овој закон е работен во консултација со Лекарската комора, Здружението на лекари и Синдикатот.
