Метео: Сончево и топло, температура до 36 степени
21.06.2017 13:34
Попладне е можна појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне е можна појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе достигне до 36 степени. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува коефициент 8.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
