Потесни економски врски со Грција
Бизнисмени од Македонија и Грција браат да се воведе директна авионија Скопје- Атина. Очекуваат продлабочување на деловните односи. Шанси гледаат и во заеднички настап на трети пазари...

Македонските бизнисмени ќе ја јакнат соработката со стопанствениците од Грчката интернационална бизнис асоцијација. Сојузот на стопанските комори го потпиша првиот договор за вмрежување на компании. Опфатен е банкарскиот сектор, трговијата, текстилот, индустријата. Се гледа потенцијал и во заеднички настап на трети пазари, како и соработка за поголема искористеност на фондовите. Се бара и директна авиолинија Скопје- Атина.
Еден од заклучоците за јакнење на меѓусебните врски е и потребата од подобрувања во агросекторот, креирање земјоделски политики, примена на информатични и комуникациски технологии за одржлив развој.
Лани трговската рамена меѓу Македонија и Грција изнесувала околу 600 милиони евра, извозот е 150 милиони евра, а увозот е 450 милиони евра.
Грција е петти трговски партнер на Македонија.
Дијана Ценевска
