Жбогар: Реформите да го оправдаат оптимизмот
Не сме рекле дека септември е крајниот рок кога Владата треба да ги испорача тие реформи- вели евроамбасадорот...

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во Охрид побара одржливост на оптимизмот кај македонските граѓани со реформите што придонесуваат во оваа насока. И Европската унија понесува дел од одговорноста.
„Тука се мисли на реформи што ќе резултираат со независно судство, судство што подеднакво ќе ги третира сите граѓани, независни институции на системот. Кога велиме реформи мислиме на тоа луѓето, стопанствениците и невладините организции да можат да почувствуваат дека кога ќе бидат предмет на инспекциски проверки да не бидат казнувани поради ред ирационални причини. Истовремено ЕУ тука мисли на реформи за независни медиуми кои ќе информираат објективно и кои врз база на објективноста во информирањето ќе им овозможат на луѓето независно да формираат свое мислење“, рече евроамбасадорот.
Не сме рекле дека септември е крајниот рок кога Владата треба да ги испорача тие реформи. Ние сме за реформи во следните неколку месеци- нагласи евроамбасадорот Жбогар.
