Николоски: Уставот и законот ги решаваат сите спорни прашања

21.06.2017 15:14

За ова не е потребно медиумско надмудрување туку координација и усогласување меѓу претседателот, премиерот, министерот за надворешни и амбасадорот, пишува Николски во реакцијата.

Уставот на Република Македонија и Законот за надворешни работи ги решаваат сите спорни прашања во однос на моето именување за амбасадор и шеф на Мисијата на Република Македонија во Европската унија, реагираше Александар Николоски по одлуката на шефот на дипломатијата Димитров да ја запре постапката.

За ова не е потребно медиумско надмудрување туку координација и усогласување меѓу претседателот, премиерот, министерот за надворешни и амбасадорот, пишува Николски во реакцијата.

Претходно, Димитров изјави дека треба да се напушти практиката назначувањето на амбасадорите да се случува во пресрет на парламентарни избори.