Груевски во тридневна посета на Брисел
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во Брисел. За време на тридневната посета, средби со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, како и со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер. Ќе учествува на самитот на Европската народна партија.

Поддршка за интензивирање на евоинтеграцискиот процес на Република Македонија, поддршка на сите реформи кои се од интерес на граѓаните, како и валоризација на досега имплментираните реформи, се темите кои ќе бидат во фокус на денешните средби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со претседателот на Европсиот совет, Доналд Туск и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.
Инаку Груевски е во тридневна работна посета во Брисел на која ќе оствари средби со највисоките претставници на Европската унија. За утре предвидена е средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, на која повторно Груевски ќе се заложи за брз напредок на евроинтеграциите, а според агендата која ја имаме, следен состанок е со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ ќе учествува и на самитот на Европските народни партии на кој се очекува да оствари и билатерални средби со шефовите на државите и владите, и претседателите на партиите кои се дел од, во моментов најдоминантната политичка опција во ЕУ.
Во тридневната работна посета, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска прво ќе оствари средба со претседателот на АФЕТ, Мекалистер, а подоцна и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Состаноците ќе запоцнат доцна попладнево.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
