ЗОИ 2014, Сочи, сноубординг

Ферингтон шампионка во halfpipe

12.02.2014 20:56

И третиот златен медал за Американците на Игрите во Сочи е во сноубординг...

Кристи Ферингтон е новата олимписка шампионка во halfpipe. Таа го наруши предвидуваниот поредок во атрактивниот натпревар на полуцевка и на својата држава и го донесе третиот најблескав трофеј во четвртата сноубординг дисциплина досега, а трето злато во петтиот олимписки halfpipe natprevar досега. Во вториот финален настап вечерва Ферингтон оствари бодовен скор 91.75, со којшто ја симна од врвот златната од Ванкувер пред четири години, Австралијката Тора Брајт.

Резултатот на Брајт, којашто не дозволи тројно американско славје, беше 91.50.

Главната фаворитка за триумф, најдобрата на светот сезонава во оваа дисциплина, Американката Кели Кларк, 12 години по победата на олимпијадата во Солт-Лејк-Сити, овој пат ја освои бронзата. Таа го повтори дострелот од претходните игри во Ванкувер, со резултат 90.75.

Четврта и без медал заврши шампионката од Торино пред осум години, Американката Хана Тетер.