Граѓанската иницијатива „5 до 12“ на средба со Дескоска и Таравари

21.06.2017 16:21

Граѓанската иницијатива „5 до 12“ на средба со министрите за образование и наука и за здравство. Добиле ветување дека дел од проблемите ќе се решат брзо...

Инклузија во училиштата, програма за децата со посебни потреби, повеќе дефектолози- ова се дел од барањата кои се најдоа пред министерката за образование и наука, Дескоска и министерот за здравство, Таравари. Од иницијативаат „5 до 12“ велат дека некои може да се реализираат брзо, други понатаму бидејќи го оптоваруваат буџетот.

Министерот за здравство Таравари најави дека ќе бидат разгледани сите предлози.

Иницијативата „5 до 12“ ќе продолжи да поставува шатори пред Собранието за да покажат дека се тука, дека знаат, можат и умеат.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска