Собрание: Продолжува петтата седница, на дневен ред избор на заменици министри
Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ беше поместена како последна на дневниот ред на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која точка на дневен ред е изборот на заменици - министри на Владата.
Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ беше поместена како последна на дневниот ред на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.
Пред да расправаат за изборот на заменици - министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.
