Високи температури

Топлотен бран во Европа

22.06.2017 10:33

Топлотен бран на европскиот континент. За британската престолнина, ова е најжешкиот јуни од 1976-та година, а Португалија се бори со смртоносен шумски пожар. Над илјада пожарникари се обидуваат да ја запрат огнената стихија...

Топлотен бран на европскиот контитнент. За британската престолнина, ова е најжешкиот јуни од 1976 година, а Португалија се бори со смртоносен шумски пожар. Над 1000 пожарникари се уште се обидуваат да ја запрат огнената стихија во централниот дел од земјата во која загинаа 64 луѓе. Жешкото време предизвика пожар и во јужниот дел на јадранскиот брег каде што беа евакуирани 800 туристи.

„Топлотните бранови се опасни за здравјето. Европа се соочи со овој проблем и во 2003 година кога починаа околу 70 илјади луѓе. Во 2015 година, на азискиот контитнент, во Пакистан и во Индија беа регистрирани 4000 смртни случаи предизвикани од краткотрајни периоди на топлотни бранови. Превисоките температури предизвикуваат и пожари. Португалија е доказ за ова“, вели Омар Бадур, научник во СЗО.

„Делови од Европа, Блискиот Исток, Северна Африка и САД имаа многу високи температури во мај и во јуни. Топлотните бранови се случија порано од очекуваното“, изјави Клер Нулис, портпарол на Светската метеоролшка организација.

Високи температури се измерени и во Италија, каде што метеоролозите прогнозираат дека живата во термометарот ќе се движи над 39 целзиуси. Истото се очекува и Австрија, Холандија, па и во алпска Швајцарија.

Топлотниот бран го зафати и снежниот Сибир каде што беа измерени и до 37 степени Целзиусови. Но во северна Русија беше регистрирана и друга крајност. Жителите на Мурманск мораа да го активираат греењето бидејќи температурата изнесуваше само еден степен Целзиусов.

Во наредните децении, топлотните бранови ќе бидат сериозен глобален проблем. Територијата од планетата која ќе се справува со жештина ќе се зголемува поради климатските промени.

 

Маја Филдишев