Безбедноста, миграцијата и климатските промени во фокус на самитот во Брисел

22.06.2017 10:43

На самитот ќе се заседава во формат ЕУ-27, односно без учество на британската премиерка Тереза Меј. Ќе се разговара и за излегувањето на Велика Британија од Унијата и за нејзината иднина по Брегзит.

Европската безбедност, проблемот со миграцијата и климатските промени се главните теми за кои ќе расправаат шефовите на државите и владите на членките на ЕУ на нивната дводневна средба што почнува денеска во Брисел.

На самитот ќе се заседава во формат ЕУ-27, односно без учество на британската премиерка Тереза Меј. Ќе се разговара и за излегувањето на Велика Британија од Унијата и за нејзината иднина по Брегзит.

За утре е предвидено премиерите на Естонија, Бугарија и на Австрија да ги претстават приоритетите на претседавањата на нивните земји со ЕУ во наредните 18 месеци.