Германија ќе ги повлече своите трупи од Инџирлик

22.06.2017 11:35

За таа одлука гласаше мнозинството од пратениците, но имаше и воздржани и против.

Бундестагот реши да ги повлече своите трупи од воздухопловната база Инџирлик во Турција, откако Анкара не дозволи германски пратеници да ги посетат војниците.

За таа одлука гласаше мнозинството од пратениците, но имаше и воздржани и против.

280-те војници на Бундесверот од Турција ќе се преместат во базата во Јордан со што се продлабочува јазот на релација Берлин-Анкара.