ОМО „Илинден“- Пирин: За траен и успешен договор да се вклучат и прашањата за малцинствата

22.06.2017 12:04

Од здружението бараат поддршката од Бугарија да биде безусловна, историјата да им се остави на историчарите...

Од ОМО „Илинден“- Пирин тврдат дека секогаш и искрено поддржувале воспоставување на добрососедство меѓу двете земји на рамноправна, принципиелна и пријателска основа, но оти за траен и успешен нов договор за добрососедство, освен посочените принципи, треба да бидат вклучени и прашањата за македонското малцинство во Бугарија и бугарското во Македонија.

Бараат поддршката од Бугарија да биде безусловна, историјата да им се остави на историчарите.

Според ОМО „Илинден“- Пирин,  заедничкото чествување датуми од историјата, во услови кога се негираат македонската нација и малцинство од страна на Бугарија, ќе ги продлабочи поделбите.