ОН: До 2050-та година во светот ќе живеат 9,8 милијарди луѓе
22.06.2017 12:05
Се очекува Индија да ја надмине Кина по број на жители до 2024-та година. Во Индија сега живеат околу 1,3 милијарди луѓе, а во Кина 1,4 милијарди...

Според анализа на Обединетите нации, до 2050-та година бројот на светското население ќе се зголеми до 9,8 милијарди, а до 2100-тата година, дури и на 11,2 милијарди.
Се очекува Индија да ја надмине Кина по број на жители до 2024-та година. Во Индија сега живеат околу 1,3 милијарди луѓе, а во Кина 1,4 милијарди.
Од 10-те држави со најголем број жители, најбрзо се зголемува популацијата во Нигерија. Според проценките, оваа држава пред 2050-та година ќе ги престигне САД и ќе биде трета држава по број на жители во светот, зад Индија и Кина.
