Тевдовски: Интензивно се работи на ребаланс на државната каса
Сѐ уште не е прецизиран датумот за корекција на државната каса. Во моментов во Министерството се прават проценки и анализи.

Министерот за финансии Тевдовски најави ребаланс на буџетот. Сѐ уште не е прецизиран датумот за корекција на државната каса. Во моментов во Министерството се прават проценки и анализи.
„Се наоѓаме на крај на јуни и ќе направиме се што е во наша надлежност да добиеме еден буџет кој што ќе биде прагматичен, имајќи ги во предвид и оние обрвски кои се наталожени со години, а истовремено да дадеме можност на нашите реформски приоритети“- изјави министерот Тевдовски.
Министерот соопшти дека во тек се разговори со сите министерства и дека се настојува да се скрати од тоа што значи комодитет на луѓето на власт.
Гледаме кои се можностите за финансирање од аспект на доброто на граѓаните, а можно е да оцениме да не се издава еврообвзница- рече министерот за финансии, Тевдовски.
