Припадници на ИД урнаа џамија во Мосул
22.06.2017 13:02
Во средновековната џамија лидерот на Исламска држава Абу Бакр Ал Багдади прогласи калифат кој пред три години зафати делови од Сирија и од Ирак.

Припадници на групата Исламска држава ја кренаа во воздух големата џамија Ал Нури во Мосул, соопшти ирачката армија.
Во средновековната џамија лидерот на Исламска држава Абу Бакр Ал Багдади прогласи калифат кој пред три години зафати делови од Сирија и од Ирак.
Исламска Држава, пак, ги обвини САД за воздушните напади кои ја уништија големата џамија Ал Нури во Мосул. Според ирачкиот премиер Хајдер Ал Абади, со овој потег, џихадистите признале пораз.
Според ирачката армија, експлозијата во џамијата се случила кога ирачките елитни единици за борба против тероризмот стигнале на 50 метри до Ал Нури.
