Поддршка за програмите против ХИВ

22.06.2017 13:41

Министертвото за здравство, годинава има издвоени 14, 6 милиони денари за здруженија на граѓани кои се справуваат со оваа болест.

Во последниве 10 години во Македонија се забележани само два нови случаи на ХИВ како резултат од инјектирање дроги. Министертвото за здравство, годинава има издвоени 14, 6 милиони денари за здруженија на граѓани кои се справуваат со оваа болест. Овие средства, како што изјави министерот Таравари, заедно со преостанатите од глобалниот фонд ќе бидат наменети за спроведување програми во втората половина од оваа година.

Моментално во Македонија постојант 17 програми во 14 градови, од кои 4 во градот Скопје и 13 во другите поголеми градови во државата. Овие програми опфаќаат најразлични услови, велат од здруженијата.

Досега овие програми и активности се финансирани од Глобалниот фонд, но поддршката завршува крајот на овој месец.