Формиран Центар за вработување лица со хендикеп
Лицата со хендикеп полесно и поинтензивно да се вклучат во отворениот пазар на труд, а компаниите да создадат соодветни услови и адекватна работна средина за нив, е целта на проектот што со поддршка на ИПА заеднички го спроведуваат „Полио Плус“ и Стопанската комора на Македонија.

Во Македонија има околу две илјади луѓе со хендикеп кои работат во заштитни фирми. Со последните огласи 290 се вработени во јавната администрација.
Ваквата статистика треба да го вклучи алармот- апелираат невладини организации. Бараат да им се овозможи на овие луѓе полесно да се вклучат на пазарот на труд, а компаниите да создадат соодветни услови за нив.
Формиран е Центар за вработување лица со хендикеп. Се обучуваат и тие и фирмите.
70 проценти од лицата со хендикеп се работоспособни, покажуваат податоците на Обединетите нации.
Наташа Јанчиќ
