Министерството за здравство најави поддршка за програмите против ХИВ, туберкулоза и маларија
Во последниве 10 години во Македонија се забележани само два нови случаи на ХИВ преку инјектирање дрога. Министертвото за здравство годинава издвоило 14,6 милиони денари за здруженија на граѓани кои се справуваат со оваа болест на денешницата...

Нема да пропаднат програмите против СИДА, туберколоза и маларија. Министерството за здравство најави финансиска поддршка. Од здружението на граѓани „ХОПС“ објаснуваат дека во последните 10 години, се евидентирани само два нови случаи на ХИВ на зависници од дрога. Македонија е со најниска стапка на ХИВ во Југоисточна Европа. Доколку не се решеше, над 10.000 луѓе ќе беа под закана да останат без соодветна здравствена и социјална заштита.
Македонија успеа да воспостави контрола- тврдат од платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ.
Оваа година, Министерството за здравство издвои 14,6 милиони денари за здруженија на граѓани. Овие средства, заедно со другите од Глобалниот фонд, се наменети за спроведување на програмите во втората половина на 2017-та година.
Надлежните велат дека еден од приоритетите за наредниот период е да се задржи ниската стапка и да се работи на подигнување на квалитетот на здравствените услуги.
Ана Јосифоска- Тодоровска
