Груевски на Самит на Европската народна партија
На состанокот на највлијателната партија во Европа којашто владее во 12 земји- членки, се и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, канцеларката Ангела Меркел.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска учествува на дводневниот Самит на Европската народна партија во Брисел. Во делегацијата се и Никола Попоски и Владимир Ѓорчев.
На состанокот на највлијателната партија во Европа којашто владее во 12 земји- членки, се и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, канцеларката Ангела Меркел.
Овој состанок на Европската народна партија обично му претходи на самитот на Европскиот совет што денеска и утре се одржува во европската престолнина.
