Метео: Се очекува максимална температура до 39 степени

22.06.2017 15:11

Топлиот бран ќе продолжи и во наредните денови ...

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со мала облачност и со умерен западен и северозападен ветер.

Кон крајот на денот можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Топлиот бран ќе продолжи и во наредните денови кога се очекува максималната температура да достигне и до 39 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска