Норвешкиот министер за надворешни работи Бренде во Македонија

23.06.2017 08:38

Димитров и Бренде, како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, на денешната средба ќе разговараат за натамошниот развој на билатералните односи и соработка меѓу двете пријателски земји...

Министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Димитров и Бренде, како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, на денешната средба ќе разговараат за натамошниот развој на билатералните односи и соработка меѓу двете пријателски земји, за поддршката и помошта од Кралството Норвешка за што поскоро зачленување на Република Македонија во НАТО и во Европската унија, за регионалната соработка, како и други актуелни прашања од меѓународен план.

Во рамки на официјалната посета, норвешкиот министер ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, од премиерот Зоран Заев, а ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.