Нови критериуми за субвенционирање на житните култури
Годинава има нови критериуми за субвенционирање на житните култури. По 12.000 денари ќе добијат земјоделците кои ќе употребуваат сертифицирано семе, а другите двојно помалку или само по 6.000 денари за хектар.

Производителите на пченица, житни и индустриски култури доколку употребиле сертифициран семенски материјал ќе добијат иста субвенција како и лани од 12.000 денари за хектар.
За другите кои ќе сеат со обично семе, субвенцијата ќе изнесува двојно помалку односно 6.000 денари.
Финансиската поддршка исто така ќе се намалува и процентуално во зависност од големината на засеаните површини.
За нивите со големина од 10 до 50 хектари кои имаат поголем род следуваат и дополнителни 4.800 денари.
Услов е да се употреби сетрифициран семенски материјал и да се добијат просечни приноси повеќе од 4.000 килограми за пченица, 3.000 за јачмен или 1.800 килограми по хектар за сончоглед.
Методија Трајков
