Маж од Вирџинија обвинет за шпионажа во корист на Кина

23.06.2017 10:31

60-годишниот Кевин Патрик Мелори, консултант во слободна пракса, кој работел за американската влада се појавил на првото рочиште за случајот против него.

Стејт департментот на САД соопшти дека маж од Вирџинија е обвинет за објавување на строго доверливи документи за одбраната на агент на Кина.

60-годишниот Кевин Патрик Мелори, консултант во слободна пракса, кој работел за американската влада се појавил на првото рочиште за случајот против него.

Ако биде прогласен за виновен по обвиненијата за шпионажа, се соочува и со казна доживотен затвор.