Тематски консултации во Владата за Итните реформски приоритети
Како што соопшти владината прес- служба, тематските консултации се согласно определбата на Владата за транспарентност во работата и вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, а поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција.

Во Владата на Република Македонија денеска ќе се одражт тематски консултации за областите кои се битни во процесот на креирање политики согласно Итните реформски приоритети.
Како што соопшти владината прес- служба, тематските консултации се согласно определбата на Владата за транспарентност во работата и вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, а поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција.
На дебатата воведно обраќање ќе имаат претседателот на Владата, Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а ќе присуствува и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Османи претходно најави дека Владата подготвува Акциски план со мерки и активности кои треба да се преземат во контекст на евроинтеграциите, а кои ќе му бидат презентирани на еврокомесарот Јоханес Хан за време на неговата посета на Скопје во понеделник.
