Обама потпиша указ за зголемување на минималната плата
13.02.2014 09:26
Зголемувањето изнесува 10,10 долари на час, што е речиси за три долари повеќе од сегашните 7,25 долари на час...

Работниците во државните претпријатија на САД од 1 јануари 2015 година ќе добиаваат поголема плата. Претседателот Барак Обама им ги зголеми за 25 % минималните плати и побара од Конгресот да го направи истото за сите работници во земјата.
Зголемувањето изнесува 10,10 долари на час, што е речиси за три долари повеќе од сегашните 7,25 долари на час, кои се замрзнати уште од 2009 година.
Пратениците од Републиканската партија, кои се мнозинство, се изјаснија против зголемувањето на минималната плата, бидејќи според нив тоа ќе го запре економскиот раст. Обама не се согласува со нивното мислење, нагласувајќи дека ваквиот потег ќе им помогне на милиони Американци да излезат од сиромаштијата.
„Оваа мерка нема да се одрази негативно на економијата, туку напротив ќе ја стимулира“, нагласи американскиот претседател.
