Спречени обиди за транспорт на марихуана преку Охридското Езеро

23.06.2017 11:25

Станува збор за лица осомничени дека се сторители на казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, кои се обиделе дрогата од Албанија да ја транспортираат по воден пат...

Во неколку организирани акции реализирани од почетокот на годинава охридската полиција пронашла и запленила вкупно 164 килограми опојна дрога марихуана, а притоа се поднесени кривични пријави против пет лица.

Станува збор за лица осомничени дека се сторители на казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, кои се обиделе дрогата од Албанија да ја транспортираат по воден пат преку Охридско Езеро. Нивните намери биле натамошна препродажба на опојната дрога на подрачјето и пошироко во Република Македонија.