ММФ: Напредуваат преговорите за намалување на грчкиот долг

23.06.2017 11:26

Минатата недела Фондот објави „принципиелен договор“, со кој се дозволува активирање на планот за помош на Атина со другите кредитори.

„Постигнат е напредок во преговорите за намалување на грчкиот долг“, изјави портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд, Џери Рајс.

Минатата недела Фондот објави „принципиелен договор“, со кој се дозволува активирање на планот за помош на Атина со другите кредитори.

Грција има долг што е речиси 180 отсто од нејзиниот БДП.