Јанева за наредната седмица најави нови обвинителни акти на СЈО
Специјалната обвинителка побара продолжување на рокот и побрзо постапување по предметите од Кривичниот суд.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за идната седмица најави нови обвинителни акти. Побара продолжување на рокот и побрзо постапување по предметите од Кривичниот суд.
„Повеќето од истрагите што се веќе спроведени од СЈО очекувам да завршат со обвиненија, за кои лица тоа е мошне важно прашање. За некои ќе има запирање на истрагата и отфрлање на обвиненијата, за некои ќе се поднесе обинителен акт, но во секој случај наредната седмица ќе бидат донесени јавни обвинителни одлуки“, изјави денеска во Охрид обвинителката Катица Јанева.
За тоа колку од доставените материјали се обработени, таа појасни дека само 12 проценти од нив се напишани, некаде околу 45 отсто вкупно преслушани, додека останатиот дел од нив воопшто не се обработувани.
Јанева ќе има свое предавање пред учесниците на Школата за природно право во Охрид.
