Николовски: Поддршка од 6 денари за килограм праски
Министерот Николовски соопшти- донесена е мерката за дополнителна поддршка од 6 денари за килограм праски, кои ќе се откупуваат по 5 денари до 30-ти јуни...

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски соопшти- донесена е мерката за дополнителна поддршка од 6 денари за килограм праски, кои ќе се откупуваат по 5 денари до 30-ти јуни.
„Директно на производителите ќе им се исплатат средства од 6 денари по килограм, тоа е за периодот од 12-ти до 30-ти јуни. Сметаме дека станува збор за мерка со која целиот овој проблем којшто настана со оваа сорта на праска ќе биде решен, но не смееме да дозволиме вакви проблеми да ни се случуваат понатаму, особено оние кои доаѓаат од субјективен карактер“- рече Николовски.
Министерот Николовски информираше и дека рокот за првиот оглас од европската претпристапна програма е продолжен до 21-ви јули, поради политичката криза.
