Дебата за реформските приоритети: Владата ќе формира пет работни групи
На тематската консултација во Владата посветена на спроведувањето итни реформски приоритети за членство во НАТО и во ЕУ, премиерот Заев изјавил дека до крајот на годинава очекува чиста препорака за преговори со ЕУ, а наредната, и отворање на поглавјата за полноправно членство.

Владата ќе формира пет работни групи: за реформи во правосудство и тајните служби, јавната администрација, за изборен систем и за независни регулаторни тела, како и за медиуми и за граѓанско општество.
На тематската консултација во Владата посветена на спроведувањето итни реформски приоритети за членство во НАТО и во ЕУ, премиерот Заев изјавил дека до крајот на годинава очекува чиста препорака за преговори со ЕУ, а наредната, и отворање на поглавјата за полноправно членство. На оваа седница учествуваше и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Владата подготвува акциски план за евроинтеграции што ќе му биде претставен на еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан при неговата посета в понеделник, при што е најавено негово учество на седница на македонската влада.
