Груевски на средба со лидерите од Европската народна партија
23.06.2017 13:10
Вчера тој имаше средба со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини при што Груевски го нагласил притисокот врз медиумите и судството во Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во дводневна посета на европската престолнина каде што учествува на состанокот на Европската народна партија и има поединечни средби со лидерите и политичарите од 12-те земји на ЕУ во кои владее оваа партија.
Вчера тој имаше средба со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини при што Груевски го нагласил притисокот врз медиумите и судството во Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал и со бугарскиот премиер, Борисов.
