Иванов во Белград на свечената инаугурација на Вучиќ
На свечениот прием ќе присуствува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Меѓу гостите ќе бидат и претседателите од земјите од регионот- Црна Гора, Хрватска, Словенија и БИХ- Филип Вујановиќ, Колинда Грабар- Китаровиќ, Борут Пахор, како и потпретседателот на Бугарија, Илијана Јотова и претолонаследникот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мухамед Бин Зајед.

Околу 5.000 поканети гости, десетина претседатели и премиери, бројни претсавници на Влади, министри и други јавни личности од Европа и светот- вечерва ќе присуствуваат во Палата Србија на свечената инагурација на Александара Вучиќ за претседател на Србија.
На свечениот прием ќе присуствува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Меѓу гостите ќе бидат и претседателите од земјите од регионот- Црна Гора, Хрватска, Словенија и БИХ- Филип Вујановиќ, Колинда Грабар- Китаровиќ, Борут Пахор, како и потпретседателот на Бугарија, Илијана Јотова и претолонаследникот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мухамед Бин Зајед.
На церемонијата ќе дојдат и унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот австриски колега Кристијан Керн со Себастијан Курц, а се очекува и грчкиот премиер Ципрас.
Од САД доаѓа заменик- помошникот на државниот секретар Хојт Ји, а од Русија заменик на премиерот- Дмитриј Рогозин. Од Кина ќе присуствува заменик-претседателот на кинеското Собрание, а од ЕУ, комесарот Јоханес Хан.
На церемонија ќе присуствуваат и бројни министри и претставници на влади од Европа и светот, меѓу кои и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.
Самата церемонија, која според медиумите е најголем собир во последните четири децении, е замислена како презентација на српското културно- историско наследство, со највредните експонати од Народниот музеј на Србија, проследени со најпознатите музички настапи како- Уна сага Сербика, Коло, трубачки оркестри и на српски кулинарски специјалитети.
Со оглед на значењето на церемониата, Белград е целосно блокиран, а во обезбедувањето се вклучени сите безбедоносни и полицијски сили.
Паралелно- на инагурацијата одбија да дојдат од српската опозиција, поранешниот претседател Борислав Тадиќ, а најавени се и демонстрации на граѓаните- насловени како „Протест против диктатурата“.
Во Белград се одвива и динамична дипломатска активност, а за утре е најавена средба меѓу претседателите Вучиќ и Иванов и министерот Никола Димитров.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
