Спасовски: Македонија е подготвена за справување со бегалската криза
Министерот Спасовски заедно со словачкиот амбасадор, беше во посета на прифатниот центар „Винојуг“...

Македонија е подготвена за справување со бегалската криза, но нема да гради нови центри за бегалци- тврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој, заедно со словачкиот амбасадор, беа во прифатниот центар „Винојуг“.
Имаме два, овој во Гевгелија и во Табановце за кои сметаме дека се доволни.Тие служеа за прифаќање и транзитирање на мигрантите во екот на бегалската криза до земјите на ЕУ и таа своја намена ќе ја имаат доколку повторно дојде до интензивирање на бегалската криза- рече министерот Спасовски.
Како земја сме доволно подготвени за справување со бегалската криза. Ја следиме состојбата во тој правец и ќе постапуваме исто како до сега што од страна на земјите од „Балканската рута“ и меѓународната заедница е оценето како многу добро во секој поглед, нагласи Спасовски.
