ЕЛЕМ: Целокупната тендерска документација на увид
Владата се сомнева во злоупотреби. Од ЕЛЕМ, пак, ги демантираа ваквите наводи. Целокупната тендерска документација ќе ја стават на јавен увид...

Владата му наложи на ЕЛЕМ да го поништи тендерот за набавка на опрема за ископ на јаловина за РЕК Битола, вреден 34 милиони евра. Се сомнева во злоупотреби. Од ЕЛЕМ, пак, ги демантираа ваквите наводи. Целокупната тендерска документација ќе ја стават на јавен увид.
„Истата документација ќе биде ставена на располагање на сите релевантни органи, кои ги повикуваме да пристапат за ревидирање на истата. Доколку констатираат и најмала индиција за некаква неправилност , тогаш ние сме спремни да ја поднесеме целокупната одговорност. Во спротивно доколку не се констатираат такви неправилности, тогаш очекуваме од Владата да се произнесе и да ни се извини“, рече првиот човек на АД ЕЛЕМ, Мицковски.
