Тројно убиство во Скопје
25.06.2017 13:03
Како што соопшти МВР, најверојатно сторител е Ш.С. од село Глумово.

Жител на скопското село Глумово денеска околу 10.00 часот извршил убиство на едно лице во село Глумово и две лица на влез во село Кондово.
Како што соопшти МВР, најверојатно сторител е Ш.С. од село Глумово.
При обид за приведување на лицето во село Глумово од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“, истото извршило самоубиство. Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош, а во тек е увид.
