Олимпијада

Деби на Колароска

13.02.2014 10:03

Младата,16-годишна македонска репрезентативка ќе настапи во крос-кантри трката ...

На олимпискиот полигон во Сочи денеска ќе се појави Марија Колароска. Младата,16-годишна македонска репрезентативка ќе настапи во крос-кантри трката на 10 километри класичен стил. Нејзиниот стартен број во олимпиското деби е 75.
 
Од македонските спортисти во Сочи настап досега имаше Дарко Дамјановски во спринтот на 1800 метри, со освоено  78-то место.