Земјотрес почувствуван во Охрид, Струга и Ресен

26.06.2017 09:13

Земјотресот со магнитуда од 2,8 степени според Рихтер потекнува од охридското епицентрално подрачје...

Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени сопред Рихтер и интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 1 часот и 2 минути е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот потекнува од охридското епицентрално подрачје.