Ново рочиште за случајот „Поткуп“

27.06.2017 10:36

На последното рочиште одбраната на Заев побара препис на доказите од предметот.

Ново рочиште за судењето за случајот „Поткуп“ во кој на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев му се суди за наводно земање поткуп за приватизација на државно земјиште во Струмица.

На последното рочиште одбраната на Заев побара препис на доказите од предметот.

Судијката го задолжи обвинителството да ги достави доказите, со цел адвокатите да можат да подготват одбрана и да биде изнесен обвинителниот акт.