Експерти: Следува нова финансиска криза

27.06.2017 11:44

Најголем проблем е кинескиот пазар кој покажува исти симптоми како и економиите на САД и Велика Британија пред да почне големата финансиска криза во 2007 и 2008 година, се вели во извештај на најстарата светска економска организација БСИ...

Добар дел од светот се уште се опоравува од последната глобална финансиска криза, а веќе се приближува следната, тврдат угледни економисти за „Индепендент“.

Најголем проблем е кинескиот пазар кој покажува исти симптоми како и економиите на САД и Велика Британија пред да почне големата финансиска криза во 2007 и 2008 година, се вели во извештај на најстарата светска економска организација БСИ, позната и како Централна банка за централните банки.

Клаудио Борио, шеф на монетарниот сектор на организацијата, вели дека новата рецесија може да дојде „со одмазда“ и дека би личела на финансиски бум што лошо завршил.

Освен за нова рецесија, економистите предупредуваат и на закана од зголемениот долг во држави како Кина и зголемениот протекционизам во САД.